Неколку микрометри прават чуда✨

Денес сакаме производите да ги изработиме што побрзо и така што повеќе да ги искористиме машините, што ни носи поголема заработка. Како да постигнеме таква продуктивност?
Можеме да ја подобриме односно усовршиме патеката на алатот, а кога тоа повеќе не ни е доволно, сакаме да ги зголемиме брзините и подавањата на алатот. Тука може да настане проблем. Алатите обично се од тврд метал, кои издржуваат оптоварувања само до одредена мера, а она што е повеќе на крајот може да резултира со кршење на алатот. Како последица на постојаниот развој на производните процеси, се развиле заштитните ПВД превлеки, кои веќе низа години се востановени во индустријата. Сѐ започна со златната TiN превлека, која на некои места сѐ уште се користи, но во повеќето примени ја заменија специјални превлеки наменети само за одредени материјали.
Самите сакавме да се увериме какво влијание има правилниот избор на превлека врз самиот век на траење на алатот за сечење, затоа тестиравме глодала и бургии облагородени со различни превлеки при обработка на јаглеродниот челик OCR (1.2379) и калениот челик 42CrMo4. Во овој напис е претставен делот од тестирањето - дупчење со бургија Ø8 во челик 42CrMo4. Споредивме непревлечена бургија со бургија со превлека Ti4Al и со бургија со превлека 4HARD, при што сите бургии имаа слично почетно биење од 12 µm по дијаметар и беа изложени на исти услови на обработка.
Превлеките Ti4Al и 4HARD се последна генерација ПВД превлеки, кои имаат многу ситнозрнеста структура и многу мазна површина и не го заоблуваат сечилниот раб. Превлеката 4HARD е наменета за обработка на многу тврди калени материјали, истовремено е многу отпорна на високи температури и исклучително погодна за обработка без ладење. Превлеката Ti4Al се користи за обработка на сите видови челици до тврдост околу 55 HRC, што значи дека оваа превлека е прв избор за тестираниот кален челик 42CrMo4 со тврдост 53 HRC.
Параметри на обработка:
- vc = 160 m/min
- f = 0,2 mm/вр
- L = 4xD
- ладење со емулзија преку канали за ладење
Горната граница на абење изнесуваше VB = 0,12 mm, што претставува абење на сечната површина. Се разбира, критериумот VB за наострување односно замена на алатот може да биде поголем, ако не ни е потребно да постигнеме многу мазна површина на обработуваниот дел.
Бургиите со превлеки дојдоа со различен број отвори до бараниот критериум, додека бургијата без превлека мораше предвреме да ја заврши обработката, а самото абење на сечилниот раб значително ја надмина поставената граница.
Резултати од тестирањето:
- Бургија без превлека: 18 отвори
- Бургија со превлека 4HARD: 456 отвори
- Бургија со превлека Ti4Al: 960 отвори
Од резултатите и сликата е видливо дека непревлечениот алат не е погоден за обработка при високи режими, а истовремено гледаме дека е важен и правилниот избор на ПВД превлека, бидејќи превлеката 4HARD е првенствено наменета за обработка на многу тврди материјали, но кај одредени не толку тврди материјали постигнува 50 % или уште помала ефикасност во однос на најдобрите моментално можни превлеки.
Затоа сме тука ние, група инженери и технолози, да Ви советуваме и да ја избереме најдобрата превлека за Вашата примена!
Gazela d.o.o. Žan Dobrovnik Кршко, 1.7.2021