Обнова на алати
Во случај алатот да е превлечен, во првата фаза ја отстрануваме превлеката од алатот. Потоа, заедно со Вас, оценуваме како да го обновиме алатот.
Пред
ПоОтстранување на постојната превлека
Постапката на отстранување на превлеката е потребна за отстранување на излизените превлеки пред да ја нанесеме нашата ПВД превлека на Вашите алати или компоненти. Отстранувањето на старата превлека овозможува подобра адхезија на новиот ПВД слој. Може да се примени хемиско отстранување на превлеката или, во ретки случаи, и механичко.
Пред
ПоОд Вашиот алат можеме да ги отстраниме следниве слоеви:
| Слој | Подлога |
|---|---|
| TiN/ | Алатен челикHSSHM |
| TiAlN/ | Алатен челикHSSHM |
| DLC | Алатен челикHSSHM |
| CrN | Алатен челикHSS |
Повторно нанесување превлека
Можеме да Ви го вратиме алатот за да го обновите сами, а потоа да ни го испратите за повторно нанесување превлека. Во случај алатот да нема поголеми оштетувања што по обновата би можеле да влијаат на промена на геометријата на производот, Ви нудиме и целосна обнова на алатот кај нас (заварување, полирање и мерење на геометриски толеранции).
По отстранувањето на излизената превлека, Вашите алати со употреба на ласерско заварување и полирање до потребен степен на сјај и рапавост можеме да ги доведеме во состојба за повторна изработка на квалитетни производи.
Отстранување на преостанатата превлека и нечистотии
Алат без превлека
Поправка на алатот: брусење, ласерско заварување, полирање
Поправен алат
ПВД нанесување превлека
Алат со ПВД превлека
Потенцијал на одржливост на ПВД превлеките
Употребата на превлечени алати има бројни предности. ПВД превлеките овозможуваат побрз тек на материјалот, бидејќи го намалуваат триењето меѓу алатот и обработуваниот дел. Обезбедуваат топлинска изолација и хемиска бариера и со тоа спречуваат физички и хемиски реакции на површината.
Ја зголемуваат отпорноста на абење и со тоа го продолжуваат работниот век на алатот и обезбедуваат повисоки режими на обработка. Се грижат за поубав изглед на алатите и за едноставен надзор на абењето (поинаква боја).
Важен е и нивниот еколошки и економски придонес: чиста и еколошки прифатлива технологија, помали материјални и енергетски трошоци, поголема продуктивност, подолг работен век и заштеди.
Прочитајте го целиот напис: Со мерна техника и ПВД нанесување превлеки до поодржливо работење (се отвора во нов таб) (на словенечки)

Паметните алати се уште поодржливи
Вработените се свесни дека за одржлива употреба на алатот е клучна синергијата меѓу нанесувањето превлеки и метрологијата. Клучниот предизвик е запирање на абењето на алатот непосредно пред трајно и неповратно оштетување, што без напредни мерни методи не би било можно.
За време на работата се следи состојбата на алатот, како и обемот и карактеристиките на абењето. Кај паметните алати при тоа од голема помош се сензорите во/на самиот алат и во неговата непосредна близина.
Како се следи состојбата на алатот за време на работата:
Визуелна контрола на површината (на паметниот алат) со машински вид.
Температура со термовизиски камери.
Дебелина на превлеката со оптички влакна.
Бучава и вибрации со MEMS акцелерометри.